Шпанија е земјата која ги има најубавите плажи во светот.
Минатата година Шпанија стана побогата за уште 11 плажи кои имаат сино знаме, па сега бројката изнесува 696 плажи со сино знаме.
Синото знаме за плажи и марини претставува меѓународен еколошки стандард за квалитетот на морето и крајбрежната средина.
Секоја година се доделуваат на плажи и марини кои ги исполнуваат строгите меѓународни стандарди со 33 критериуми.
Грција, Франција, Турција и Португалија се под Шпанија на оваа листа со најубави плажи на светот.