На сите нас, добро ни се познати придобивките од конзумирањето на водата и на медот, но малкумина знаат дека кога ќе се помешаат овие две состојки, се добива т.н. медена вода која е многу корисна за организмот.
Овој напиток одамна е употребуван за справување со разни болести, како и во козметички цели.
Ставете една лажичка мед во чаша млака вода и промешајте.
Медот ќе направи соединение со водата кое носи многу здравствени предности.
Еве кои се придобивките од водата со мед испиена наутро на празен стомак:
-Носи крај на „мрзливите црева“
-Го зајакнува имунолошкиот систем и одлична е во борбата со бронхитис.
-Го чисти дигестивниот тракт од паразити. Го ослободува телото од отровите.
-Има антибактериски и антивирусни својства.
-Ја подобрува работата на дебелото црево и ги уништува микорорганизмите.
За превентивни цели, медената вода испијте ја наутро на празен стомак.
Овој напиток ќе ја направи посјајна и помазна и вашата кожа.