Прославениот кардиохирург Елсворт Верхам неодамна наполнил 104 години, а по скали „поттрчнува“, ја средува градината, не користи ниту бастун при одење… Во животот минал се и сешто, вклучувајќи ја и Втората светска војна во која учествувал и работел како лекар, а својата професија отсекогаш ја сакал.
-Го знаете она кога луѓето ќе кажат дека имаат животен повик? Јас чувствувам дека за мене тоа е лекарскиот. Тоа никогаш не сум го доведувал во прашање, рекол во интервју за Fox News.
Токму неговата професија го натерала реално и од блиску да ги согледа сите последици од лошите животни навики, бидејќи како прославен хирург многу пати видел срце, крвни садови и плуча уништени со храна, пушење, недоволно количество сон и премалку движење.
Уште пред повеќе од 60 години Елсворт одлучил да ја промени исхраната и на своето тело да му подари здрави продукти.
Со оглед на тоа дека месото се сметало за храна богата со важни состојки, тој одлучил тоа лично да го испита и да се увери. Спровел истражување и дошол до заклучок дека протеините од животинските масти од месото го зголемуваат нивото на холестерол, па негова одлука било да премине на вегетаријанска и веганска исхрана.
Исто така, тој секој ден спие од 8 до 9 часа, а се буди во 5 наутро. Елсворт верува дека за него е најдобро да јаде двапати дневно, а за појадок се задолжителни интегрални житарки со бадемово млеко.
Остатокот од денот овој почитуван доктор со минува со семејството и вежба така што ја средува градината, ја коси тревата ги средува ружите и декорира грмушките.
Благодарение на таквиот стил на живот Елсворт престанал да прави операции дури во 74 година, дури две години подоцна отколку што наложува законот, а до својата 95 година предавал на Универзитет и бил ментор на помлади доктори во текот на големи операции, а кога требало и помагал.