По 91-ви пат доделени најпрестижните филмски награди „Оскар“

Ноќеска се одржа 91то издание на најпрестижните филмски награди „Оскар“. За првпат по три децении годинешното доделување беше одржано без водител и без новата категорија за најпопуларен филм, од која годинава се откажа академијата.

Статистички највеќе златни статуетки вкупно четири доби филмот „Боемска рапсодија“.

Годинава академијата за најдобар филм на ова издание на Оскарите е прогласен филмот „Зелена книга“.

Актерот Рами Малек за улогата на Фреди Мерјкури како фронтеменот на легендарната група „Квин“ во филмот „Боемска рапсодија“ го доби Оскарот за најдобар актер.

Најдобра актерка годинава е Оливија Колман за најдобра главна улога во филмот „Миленичка“.

И на светската музичка ѕвезда Леди Гага и припадна една од статуетките оскар за оригинална песна „ Shallow” од филмот „Ѕвездата е родена“, но не успеа да ја добие наградата за најдобра споредна актерка, која сепак заврши во рацете на Реџина Кинг за филмот „ If Beale street could talk”.

Актерот Мехершал Али е награден со Оскар за споредна улога во филмот „Зелена книга“ .

Оскар за најдобар долгометражен документарен филм доби „Слободниот соло“, а краткометражен за филмот „Точка“.

Оскарот за најдобар режисер го доби Алфонсо Гуерон за филмот „Рома“,уште еден оскар за „Рома“ за најдобриот странски филм , а „Спајдермен“ е најдобриот цртан филм.