Вселенската агенција НАСА, на 29-ти март ја закажа првата прошетка во вселената само за жените, соопштиле од споменатата агенција.
Астронаутките Ен Меклејн и Кристина Кох ќе ја спроведат прошетката од Меѓународната вселенска станица (ISS), изјавила портпалорката на НАСА, Кетрин Хамлтон, пренесува британскиот Indipendent.
I just found out that I’ll be on console providing support for the FIRST ALL FEMALE SPACEWALK with @AstroAnnimal and @Astro_Christina and I can not contain my excitement!!!! #WomenInSTEM #WomenInEngineering #WomenInSpace
— Kristen Facciol (@kfacciol) March 1, 2019
Според неа, жените, како што е советската астронаутка Светлана Савитскаја во 1984-та година, веќе шетале низ вселената, но овој пат за првпат прошетката ќе ја изведе женски астронаутски пар.
Yes buddy, that’s your Mother Earth. Isn’t she beautiful? pic.twitter.com/qY6KDbAIwb
— Anne McClain (@AstroAnnimal) March 4, 2019
На Меклејн и Кох, од Земјата ќе им помага Кристен Факиол, која ќе биде со конзола во вселенскиот центар на НАСА, Џонсон, кој се наоѓа во Тексас. Рускиот вселенски брод Сојуз, ќе биде лансиран од космодромот во казахстанскиот Бајконур, а една недела пред прошетката, НАСА на меиумите ќе им објасни што точно ќе прават астронаутките.
The dawn of a new era in human spaceflight pic.twitter.com/BHsfg1zYLN
— Anne McClain (@AstroAnnimal) March 3, 2019