За многу деца, патување во Дизни – епицентарот на детската магија е исполнување на сонот.
Еден татко, кој ја вклучил камерата за да ги сними реакциите на неговите деца кога им ја открива веста, сними тотално неочекувана реакција.
Имено, неговиот син наместо да се радува, започнал хистерично да плаче.
„Јас и сопругата одлучивме да ги изненадиме нашите деца со пат во Disney World“, пишува во описот на видеото.
„Го подготвивме автомобилот, ги разбудивме децата и ги сместивме во колата“, се додава во описот.
На прашањето каде одат, таткото им одговара дека за нивниот пат ќе најдат помош во нивните ранци.
Ќерката од ранецот извадила виолетов предмет мрморејќи: „Чудовишта?“, а потоа сфатила: „Дизни!“.
По кратка шокирачка пауза, таа му се обраќа на нејзиниот брат Гавин велејќи ми: „Гавин, одиме во Дизниленд“.
До тука, реакциите кои ги добиле родителите биле според планираното, се додека Гавин не почнал хистерично да плаче велејќи: „Не сакам во Дизниленд!“