Во кинеска зоолошка градина умре уште една од најретките желки во светот, џиновската желка со мек оклоп Rafetus swinhoei (џинот од Јангце), јавува Би-би-си. Сега остануваат само три такви желки на нашата планета.

Џиновската желка умре во зоолошката градина Сужоу на југот на Кина. Експертите се обиделе, пред нејзината смрт, петти пат вештачки да ја оплодат желката. Се обидувале да го продолжат животот на видот имајќи предвид дека таа е критично загрозена поради прекумерниот лов и уништувањето на живеалиштата.
Вработените во зоолошката со помош од меѓународни експерти се обиделе вештачки да ја оплодат желката 24 часа пред нејзината смрт. Првично изјавиле дека немало никакви компликации по зафатот и дека желката е добра, за подоцна да објават дека здравствената состојба ѝ се влошила.
Биолозите ја истражуваат причината за нејзината смрт и земале ткиво од јајниците за идни истражувања.
Единствениот мажјак од тој вид сѐ уште живее во кинеска зоолошка градина, додека две други желки се наоѓаат во дивина во Виетнам.