Билетите за финалето на Евровизија, што ќе се одржи на 18 мај во Тел Авив, чинат 1.000 евра. Ова се најскапите билети за едно финале на Евросонг досега, велат евровизиските фанови што секоја година одат на музичкото натпреварување. Според нив, Тел Авив е една од најскапите дестинации на кои се одржувала Евровизија.
Вечерва, на Евровизија е второто полуфинале. Тамара Тодевска ќе настапи претпоследна, под реден број 17.
Финалето на годинешниот Евросонг ќе се одржи в сабота, а со две песни ќе настапи и Мадона.