Милијардер го отплатил студентскиот долг на целата генерација

Дипломците во Атланта, во американската држава Џорџија добиле неочекуван подарок за крајот на школувањето.

Имено, милијардерот и филантроп Роберт Смит решил да го отплати студентскиот долг на целата генерација дипломци во износ од 40 милиони долари.

Студентите, од кои некои должеле и по десетина илјади долари, биле шокирани.

„Изгледа нереално. Кога од говорницата изјави дека ќе ни ги плати долговите, погледнав во колегата и се прашав дали слушнав добро? Бев во шок. Ова е најдобиот подарок што сум го добил во животот“, рекол еден од студентите.
Свет на универзитетот му подарил дополнителни 1,5 милион долари.