Туристичката сезона започна, а со тоа и сообраќајниот метеж, особено во познатите туристички дестинации.
Со цел да не ви преседне одморот, возете внимателно, а особено внимавајте да не сторите еден од подолу наведените прекршоци, тие се најчесто казнувани во соседните земји.
1.ВОЗЕЊЕ СО ПОГОЛЕМА БРЗИНА ОД ДОЗВОЛЕНАТА
Македонија – од 20 до 300 евра
Грција – од 40 до 750 евра
Црна Гора – од 450 до 2.000 евра
Хрватска – од 40 до 2.029 евра
БИХ – од 15 до 511 евра
Бугарија – од 5 до 76 евра или одземање на дозволата
2.ВОЗЕЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ
Македонија – од 250 до 400 евра
Грција – од 78 до 625 евра (во зависност од промилите)
Црна Гора – од 70 до 2.000 евра или одземање на дозволата.
Хрватска – од 135 до 2.029 евра
БИХ – од 200 до 500 евра
Бугарија – од 102 до 306 евра или 1022 евра (повторен прекршок).
3.ВОЗЕЊЕ БЕЗ БЕЗБЕДНОСЕН РЕМЕН
Македонија –20 евра
Грција – 350 евра
Црна Гора – од 40 до 100 евра
Хрватска – од 67 евра
БИХ – од 30 до 70 евра
Бугарија – од 25 до 50 евра.
4.КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ЗА ВРЕМЕ НА ВОЗЕЊЕТО
Македонија – 45 евра
Грција – 100 евра
Црна Гора – 60 евра
Хрватска – 67 евра
БИХ – 50 евра
Бугарија – 25 евра.
5.НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ
Македонија – 45 евра
Грција – од 40 до 80 евра и носење на автомобилот
Црна Гора –60 евра и носење на автомобилот.
Хрватска – 60 и носење на автомобилот
БИХ – 40 евра и носење на автомобилот.
Бугарија – од 5 до 30 евра.