Овој човек плете џемпери инспирирани од познати места ширум светот и позира таму во нив

Кога ќе посетиме место на коешто не сме биле досега, најчесто купуваме сувенири за да нè потсетуваат патувањето. Но, за са Сем Барски, артистички плетач од Балтимор, Мериленд, тоа не е доволно. За да ги направи своите патувачки искуства повозбудливи, тој решил да создава џемпери што може да ги носи за секоја прилика. До овој момент, тој веќе има направено над 100 џемпери што ги отсликуваат неверојатните места што посетил. Погледнете дел од неговата колекција и подгответе се да бидете воодушевени!