Доколку на летувањето сонцето ве изненади со болни изгореници на кожата, не грижете се бидејќи решението се крие во вашата кујна.
Доколку сте заборавиле на одморот да понесете крема против изгореници од сонце и ублажување на црвенилото вам може да ви помогне вода, мед, јогуртот, јагоди, компир…
Вода
Водата ја хидрира кожата и ја прави мека и еластична, така што ако сте изгореле, пијте што повеќе вода, за да го рехидрирате телото одвнатре.
Јогурт
Уште одамна е познато дека изгорениците од сонце ги ублажува јогуртот или киселото млеко кое лади, смирува, ја влажни кожата и ја враќа нејзината природна pH вредност. Јогуртот нанесете го на изгорениците и оставете го да стои 15 минути.
Мед
Како и јогуртот, медот смирува и ги обновува оштетените клетки на кожата. Нанесете го на изгорениците и оставете да стои до 20 минути.
Јагоди
Јагодите се богати со витамин Ц кој е најважен за производство на колаген, но и на танин кој смирува воспаленија. Направете каша од неколку јагоди и ставете ја на болното место.
Компир
Изобилува со скроб кој има можност да ја извлече топлината од кожата и да ги смири болките бидејќи делува како природен аналгетик.
Зелен чај
Танинската киселина која се наоѓа во зелениот чај помага кај регенерација на оштетената кожа. Разладениот зелен чај нанесете го на болните места со помош на вата.