Фолксваген прекинува со производството на познатиот модел „буба“ , кој се склопуваше во фабриката во Пуебла, Мексико.
„Бубата“ датира од 1930 тите години и била дизајнирана од германскиот инженер Фердинанд Порше, со цел да биде „народен автомобил.“
Производството започнало по налог на лидерот на Нацистичката партија на Германија, Адолф Хитлер.
Фолксваген ја редизајнираше легендарната буба во 1998 та и 2012 та година, но автомобилот не успеа да стане популарен како претходниот модел.
Компанијата не произведува буба во Германија од 1970 година, а фабриката во Мексико ќе се посвети на производство на поголеми автомобили.