Славната Џоли има ново момче?!

По веста дека славниот холивудски пар конечно успеал да се договори околу старателството над децата, во светските медиуми одекна веста дека актерката Анџелина Џоли има ново момче.

Како што пренесуваат светските медиуми, станува збор за телохранителот кој го запознала на снимањето на филмот „Those Who Wish Me Dead“.

Џоли и телохранителот наводно толку многу се зближиле на снимањето што секој слободен момент го поминувале заедно, навел изворот,за списанието „National Enquirer“.

Но се би било поедноставно доколку телохранителот бил слободен. Имено, на неговата партнерка, како што пренесуваат медиумите, не и се допаѓало тоа што тој поминува толку многу време со популарната актерка, па затоа почнала да оди на снимањето на филмот и да го попречува снимањето.