Крајот на месец Јули е период кога годишните одмори се во полн ек. Ова секако важи и за кралското семејство.
Кејт Мидлтон и приноцт Вилијам заминаа на семеен годишен одмор, заедно со своите три деца Џорџ, Шарлот и Луј.
Исто како и минатото лето, и годинава семејството го одбра островот Мустик.
Познат како остров на милијардерите, Мистик е дел од малата островска држава Сент Винсент и Гренадини, сместен во југоисточниот дел на Карипското море.
Островот е мал по големина, а стана познат во 70-те години кога љубителите на раскошни забави и милионерите, почнаа да се собираат тука за да се забавуваат за време на викендите и празниците.
Локацијата има посебно значење за кралскиот пар. Уште пред да се омажи за Принц Вилијам, Кејт овде летувала со своето семејство. Всушност патувањето на овој остров им прераснал во традиција.