Познатиот американски хеви-метал бенд „Металика“ донираше 250.000 евра на едно романско здружение кое ја гради првата детска онколошка болница во земјата.
Веста за донацијата бендот ја објави непосредно пред концертот на групата кој веќе беше распродаден.
Изградбата на болницата во Букурешт, започна кон средината на 2018 година, а се очекува да заврши идната година.
Досега се собрани донации од 260.000 поединци и скоро 2.000 компании.
