Градот Ниш го има најмладиот мајстор за бурек, десетгодишниот Новак Стевановиќ.
Со своите вешти рачиња, ова дете прави бурек од својата петта година, и добро го знае рецептот за добар бурек.
Малиот Новак уште од мали нозе во семејната пекара гледал како се подготвува бурек. Го впивал секој потег, а со тек на време и самиот се усовршил за подготовка на овој специјалитет.
“Најмногу сакам да правам бурек и да играм фудбал”, изјавил малиот мајстор.