Стресот е секојдневие во ова модерно време!
Намириците наведени подолу во голема мера може да ви го олеснат стресот.
Чај од камилица
Оваа топла напивка има својства кои ќе го ублажат стресот и ќе ве смири во текот на нервозните ситуации.
Портокал
Ако во последно време сте често под стрес, почестете се со портокал. Агрумите како портокалите и мандарините содржат висока количина на витамин Ц, кој се покажал како корисен во борбата против стресот.
Бадеми и други јаткасти плодови
Бадемите, ф’стаците и оревите се богати со омега-3 масни киселини кои го намалуваат нивото на стрес и истовремено ве штитат од депресија.
Овесна каша
Не само што е секогаш добар избор кога сакате здрав појадок кој ќе ве засити, туку овесната каша и го намалува нивото на хормонот на стресот во вашиот организам. Внесот на овесна каша исто така може да го зголеми нивото на серотонин, хормон кој ја има главната улога во ситуациите кога се чувствуваме среќно и задоволно.
Темнa чоколадa
Освен што е одличен деликатес, чоколадата може да направи чуда кога е во прашање вашето расположение. Темната чоколада го ублажува стресот и кај лицата кои страдаат од анксиозност.