Хајди Клум доби неверојатен подарок од својот сопруг

Еден месец по венчавката, манекенката Хајди Клум доби неверојатен подарок од својот сопруг Том Каулиц, гитарист во бендот Токио Хотел.

“Денес пристигна необичен и посебен подарок од мојот сопруг, парче од Берлинскиот ѕид кој го делеше Источен и Западен Берлин 28 години. Мојот сопруг е роден зад ѕидот, во Источен Берлин, четири недели пред истиот да биде срушен во 1989. Тој можеше да ја осети слободата, радоста, уметноста и надежта. Секое утро ќе можам да го гледам ова преубаво парче во својата градина, со мисла дека ѕидови не треба да се градат, треба да се рушат” – напиша Хајди на својот Инстаграм профил.

Берлинскиот ѕид е подигнат во 1961 година и физички и идеолошки го делел градот Берлин, се додека не бил срушен во 1989.

Клум (46) и Том (30) својата венчавка ја прославија на 3 ти Август, на луксузна јахта на островот Капри.