Суд во Франција денеска му дозволи на петелот Морис да пее колку сака и ги отфрли тужбите на соседите дека ги будел наутро.
Морис ги победи тужителите и тие треба да му платат на неговиот сопственик оштета од илјада евра.
За потсетување, двајца пензионери не можеле да го издржат кукурикањето на петелот Морис, чиј ритуал почнува во 6.30 часот. Тие се жалат дека не можат да спијат од него, па го тужеле петелот.
Случајот предизвика жолчни расправи во Франција.
На почетокот на процесот во знак на поддршка дојдоа многу фанови на Морис со кокошки и петли во рацете, кои гордо се шетаа пред судската зграда.
За многумина овој процес претставуваше борба за зачувување на животот во француските села.
Морис не се појавил во судницата. Според неговата сопственичка, тој е под стрес и е засипнат.
Целата драма се одвиваше во француското селце сместено на атлантскиот брег на северот на земјата.
