Светот прослави 80 години од првото појавување на Бетмен (ВИДЕО)

Компанијата „DC Comics“, заедно со бројни обожаватели ширум светот го прославија 80 тиот роденден на Бетмен, испраќајки го на небото легендарниот сигнал во форма на лилјак.

Денот на Бетмен го одбележува првото појавување на славниот борец против криминалот, милијардерот Брус Вејн.
Фановите на еден од најпознатите суперхерои се собраа низ целиот свет, а дел од планот беше да се испрати блескав Бетмен сигнал.

Истиот прво се појави во Мелбурн, а потоа и во Токио, Берлин, Рим, Париз, Лондон и седум други градови пред последниот настап во Лос Анџелес.