По повод 500 години од постоењето на Куманово, дуото Некст Тајм ја преработи македонската песна „Јовка Кумановка“. Преработката доби и свој видео запис, а официјално беше претставена на Денот на македонското востание, 11-ти октомври.
Режисер на спотот е Огнен Шапковски, а аранжманот е на Никола Мицевски.
Познатото дуо веќе имаа преработено неколку македонски песни, меѓу кои „Нешто ќе те питам бабо“, „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“.
Сите наидоа на воодушевување кај македонската јавност!