Холивудската актерка доцни кога се во прашање социјалните медиуми.
Џенифер Анистон го отвори својот Инстаграм профил пред само неколку дена, но тоа не ја спречи да собере милиони следбеници си да собори светски рекорд.
Актерката сподели ретро фотографија од себе, под која напиша “Со стил, и тогаш и сега”
Според официјалниот Instagram профил на Гинисовата книга на рекорди, Џенифер за најкусо време успеа да има милион следбеници. Имено, со првата фотографија со нејзините колеги од сетот на „Пријатели“, за само пет часа и 16 минути имаше милион пријатели на социјалната мрежа, а моментално има 15 милиони фанови.