Уште два дена уживајте во сонцето, потоа следи промена на времето

Метеоролозите најавуваат циклон кој ќе почне од среда и ќе носи пад на температурите а ќе дува и ветер од северен правец.

Облачноста ќе расте како што ќе одминуваат деновите а веќе од четврток ќе пристигнат и првите дождови оваа есен.

Максималните дневни температури ќе се движат помеѓу 14-17 степени.

Провејување на снег е можно на повисоките места поради продорот на студениот северен ветер.

Ноември според метеоролозите ќе биде под влијание на влажна маса при што ќе има почести врнежи.

Уживајте денес и утре во сонцето, а од средината на неделава подгответе ги јакните.