Интернет продавницата Алибаба направи неверојатен рекорд

Најголемата кинеска интернет продавница Алибаба продаде стока во вредност од 1,43 милијарди долари за само 96 секунди

Овој вид на продажба на Интернет беше организиран по повод кинескиот „Ден на самци“, а за девет часа „Алибаба“ продаде вкупно 21 милијарди долари стока, со што го сруши сопствениот рекорд од 30 милијарди американски долари во 24 часовна акција.

Основачот на Алибаба, Џек Ма е еден од најбогатите луѓе во Кина и меѓу глобалните лидери во светот на технологијата, транспортот и вештачката интелигенција.