Популарниот пејач и актер, Џон Леџенд е прогласен за најсексапилниот човек на планетава.
Ваквата одлука ја донесе списанието „People„ кое секоја година прави рангирања од овој тип.
Леџенд е оженет со манекенката Криси Тајген, со која има две деца.
– Возбуден сум, но во исто време и малку исплашен бидејќи притисокот е голем. Сега секој ќе ме загледува за да види дали сум доволно секси да ја носам оваа титула – рекол Леџенд за “People”.