Забава со принцези и супер херои: ќерката на Роналдо наполни две години

Алана Мартина, ќеркичката на најпознатиот фудбалер на планетава Кристијано Роналдо, го прослави својот втор роденден.

Вереницата на Роналдо, сподели фотографија на која позира во друштво на нејзината ќерка, но и со осумгодишниот син на Кристијано и неговите едногодишни близнаци Ева Марија и Матео.

Додека момчињата се маскирани како филмски суперхерои, девојчињата носат костуми од принцези.

„Среќен роденден, животе мој. Те сакаме“, напишала Георгина, а и гордиот тато споделил скоро идентична фотографија.