Кајли Џенер со гордост ја носи титулата најмлада милијардерка на светот, и тоа на листата на оние кои до првата милијарда дошле со сопствен бизнис, што не ги вклучува богатте наследици.
Дваесет и две годишната Кајли го привлече вниманието на јавноста во реалното шоу на семејството Кардашијан. Таа ја искористила својата популарност и стартуваше своја козметичка линија.
Овој бизнис и донесе втроглава сума на пари, па многумина ги изненади одлуката на Кајли да продаде дури 51 процент од акциите во својата компанија.
Преку оваа продажба, Џенер инкасирала неверојатни 600 милиони долари а според договорот кој го потпишала, таа и понатаму останува сопственик на остатокот од акциите како и заштитно лице на компанијата.