Портнида Чамненвет и нејзиниот 34-годишен сопруг биле вработени во локална фабрика во Тајланд и биле верни играчи на игри на среќи.
Во една пригода, Портнида купила лото ливче кое било добитно.
Среќниот пар требало да добие 6 милиони бати (околу 200.000 евра). Жената се согласила парите да ги поделат подеднакво. Парот дури направил и фотографија за спомен.
Парите ја разбудиле алчноста во сопругот, при што од 6-те милиони, тој сакал нему да му припаднат 4, но кога сопругата не се согласила, тој направил скандал и избегал од нивниот дом заедно со добитното лотариско ливче.
Сопругата збеснала и случајот го пријавила во полиција, каде побарала да се превземат мерки нејзиниот маж да не може да добие никакви пари, без нејзина согласност.
Доколку сопругот ја признае вината, тој ќе се соочи со 3 години затворска казна.