Куќа на иднината: Се склопува за само шест часа! (видео)

Оваа монтажна куќа се склопува за само шест часа и чини нешто помалку од 30 илјади евра.

Истата, по потреба може и да се сели, односно преместува, дури и откако веќе еднаш е изградена.

Зад оваа иновација стои компанија од Италија, а нејзиниот креатор е архитектот Ренато Видал.

Доволни се три лица за да ја склопат целата куќа во рок од 6-7 часа. Во зависност од квадратурата, цената се движи помеѓу 29 и 60 илјади евра.

Куќата е отпорна на земјотрес и има еколошки прифатлив капацитет со соларни плочи, ЛЕД осветлување.
Куќите можат да се градат секаде без конструција на бетонски темели.