Во градинка во Сибирскиот регион Краснојарск децата излегуваат надвор во сред зима.
Тоа и не би било чудно доколку децата се во соодветна облека, но овие деца се само во долна облека и се поливаат со вода додека температурата е во минус.
Старата сибирска техника е предвидена да спречи настинка и грип и е многу специфична за тој регион.
Секое утро пред наставата децата кои имаат околу 4 години, одат во локалната сауна и учествуваат во оваа необична пракса.