Планетарно популарната Ким Кардашијан присуствуваше на модна ревија во Мајами, а како по навика, нејзиниот стајлинг не остана неприметен.
Штом Ким зачекори на црвениот тепих, сите погледи биле вперени кон неа, а присутните биле зачудени од нејзиниот избор на облека.
Модните критичари распалија по неа и беа едногласни во мислењето дека овојпат навистина претерала со принтот.
Правилото гласи, доколку носите анимален принт, водете сметка да имате на себе само едно парче од овој дезен. Ким направи огромна утка со овој аутфит – беа дел од коментарите за стилот на Кардашијан.