Едвард Сент Џон е сопственик на градежната фирма Сент Џон Проперис во Балтимор.
Тој организираше божикна забава за своите 198 вработени, каде објави дека ќе им подели на своите работници неверојатни 10 милиони долари.
Работниците кои долго работат за фирмата Сент Џон Проперис добиле поголеми бонуси, а просечниот износ кој работниците го добиле изнесува 50 илјади долари.
Освен бонусот, добија и годишен бонус кој традиционално го добиваат секоја година.
Работниците воодушевени плачеа кога ги добија црвените пликови во кои се наоѓаше нивниот бонус. Едвард им рекол дека сите го добиваат својот бонус бидејќи компанијата ја достигнала својата цел, а тоа е изградба на површина од 20 милиони квадратни метри ширум САД.