Зимска бајка: Ова е најголемиот снежен лавиринт во светот

Во градчето Закопане, во Полска , секоја зима можете да го најдете најголемиот снежен лавиринт во светот.

Изградбата трае околу еден месец. На неверојатната скулптура работат околу 50 луѓе, а лавиринтот зафаќа површина од 2500 метри квадратни. Изграден е од над 60 000 тули од мраз.

Неверојатната туристичка атракција ќе биде достапна за туристите од Јануари 2020 година.