Некогаш беше дел од сите јавни случувања, а изминативе неколку години, Маријан Стојановски целосно се повлече од јавната сцена.
Пејачот во моментов работи во МОБ и од Крушево се пресели во метрополата, а за неговата приватност буквално ништо не се знаеше ниту пишуваше.
Се до денес, откако вчера на социјалните медиуми се појавија фотографии кои се доказ дека Маријан рипнал во тавче.
Имено, пејачот се верил со својата долгогодишна девојка Наташа, а по тој повод направиле веселба во кругот на најблиското семејство.