Семејниот стереотип дека мажите се тие кои повеќе пијат, како и главни виновници за распад на бракот поради алкохолот денес се менуваат, тврдат адвокатите од една британска фирма.
Тие откриваат дека во изминатите неколку години е забележан пораст од 70 отсто на мажите кои бараат развод поради пиењето на нивните сопруги.
Оваа појава популарно се нарекува „Сексот и градот синдром на пиење“, според кој жените алкохолот го користат како секојдневно средство за релаксација.
Феноменот е се повеќе присутен во развиените западни земји, особено кај жените во ’40-те и ’50-те години, кои и покрај секојдневното уживање во алкохолот успеваат да ги завршат сите обврски и спаѓаат во групата „функционални алкохоличари“.
Во тие случаи жените остануваат на пијалок по работата, а присутноста на нивните колешки придонесува за атмосферата на умерено пиење. Сепак постојат голем број жени, кои продолжуват да пијат и дома.
Неколку чаши вино за време на вечерата или шише жесток пијалок под мијалникот им претставуваат бегство од стресот, но и пат кон вистинска зависност, предупредуваат психолозите.
Причините за пиењето се различни, кај некои тоа се финансиската несигурност, преоптовареноста со обврски или воопшто незадоволството од животот.
