Овен
Умеете да ја процените моменталната ситуацијата и сигурни сте во своето знаење и способности. Сепак, снаодливоста во настапот пред соработниците носи само краткорочни ефекти. Важно е вашата пракса и искуство, да ги употребите за правилно да ги заштитите важите деловни интереси. Учете од минатите грешки. Само со трпение и упорност можете да ја постигнете целта, а правите вредности, кога тогаш ќе дојдат на виделина.
Односот со партенрот се базира на взаемно почитување. Но, прашање е дали тоа е она правото и може ли тоа да ги смири вашите врели страсти. Сепак и околностите се одлични.
Бик
Ненадејни промени во работната средина, ќе влијаат на вашиот секојдневен ритам. Но и покрај тоа делувате енергично, не отстапувате од зацртаната цел и успешно ги пронаоѓате ефикасните решенија. Од тие астролошки знакови сте, кои никогаш не отстапуваат, ниту ја губат довербата во себе, кога ќе се појават проблеми. Од вас оваа недела се очекува да истраете и да бидете упорни.
Се однесувате спонтано и се раководите според емоциите. Спремни сте да почекате другата страна да се вразуми. Во овој период ќе бидете во ситуација да повлечете одлучувачки потези.
Вие успешно владеете со себе и со другите, така да совети не ви се потребни. Но тоа не важи и за здравјето, консултирајте се со специјалист.
Близнаци
Се обидувате да ги промените поставените правила во деловната средина, но забележувате негодување поради тоа. Средината не е заинтересирана да ги подржи вашите современи идеи за начинот на работењето, а еден од колегите, претставува главна пречка. Сепак немојте да дозволите тоа да влијае на вашето размислување и креативност.
Ќе бидете во ситуација да ги решавате брачните проблеми. Сами не можете да излезете на крај со партнерот, така да ќе ви биде потребен совет. Самотијата понекогаш е вистинска работа.
Колку побрзо го зајакнете имунитетот, толку подобро; бидејќи во наредните денови можни се проблеми со органите за дишење.
Рак
Чувствувате креативна инспирација и потреба да го проширите видикот со учење. Различни ситуации ќе ви делуваат со поттик, но најважно е што професионалниот стил и критериумот со високи вредности, го прилагодувате со заедничките интереси. Исклучителен деловен ефект ќе постигнете кога ќе бидете во хармонија со вашата добра воља и создавачка енергија.
Односите со партнерот веќе подолго време се конфузни, а во текот на оваа недела ќе се појават изненадни проблеми кои додатно ќе ја комплицираат ситуацијата. Ќе бидете нерасположени и спремни за кавга.
Поголемите проблеми кај вас доваѓаат од претерување со храна и пијалок. Бидете умерени.
Лав
Бидете достоинствени и без многу прашања прифатете ги критиките кои не ви се допаѓаат. Не можете да правите компромиси, кои не се во согласност со вашите морални начела. Доцна е да го корегирате пропуштеното или да ја менувате поставента стратегија. Креативната енергија усмерете ја кон корисен правец и трпеливо почекајте ги приликите кои повеќе ќе ви одговараат.
Се наоѓате пред големо емотивно расчистување, од кое без причина се плашите. Залечете ги старите рани за да ви се појави нова љубов.
Девица
Во новоснастанатата и необична ситуација на работа, потрудете се да делувате смирено. Бидете настрана од тензичната енергија и состојба на резигнација помеѓу колегите. Понекогаш постојат проблеми кои бараат период на креативна инкубација, пред да се кристализира позитивното решение.
Во наредните денови љубовта ќе биде под прашање, бидејќи некој на вашата сакана личност ќе се обиде со трачеви да и ја помати среќата. Останете на страна, бидејќи не можете да влијаете на случувањата.
Вага
Ќе имате понуда за партнерска соработка, ве привлекува идејата за нови професионални можности, разни повластувања и општествен престиж. Вашите идеи се совпаѓаат со заедничките интереси, поради што соработниците ќе ви ја дадат водечката улога. Во текот на оваа недела многу успешно ќе завршите неолку деловни договори.
На се гледате со голема доза на идеализам, па и на врската во која моментално се наоѓате.
Скорпија
Се наоѓате во силна психо – физичка форма, имате амбициозни планови и со одредена мудрост и добро смислени потези, лесно можете да ги исполните деловните намери. Правилната проценка на деловните прилики и добра организација на рботата, ви носат нов успех. Самоконтролата е вашиот главен адут во овој период.
Растргнати сте помеѓу вашите принципи и тоа што другите го очекуваат од вас, заради што нервниот систем ви е под притисок.
Стрелец
Делувате многу енергично во ситуациите кога ги браните вашите деловни цели и интереси, но немате доволно концентрација да се поветите на детална анализа на случувањата. Важно е рационално, да ја користите својата енергија и време. Непотребните расправии и задржување на непотребни детали. можат само да ве одалечат од главната цел.
Во наредните денови ќе ја зајакнете врската со саканата личност. Слободните претставници на знакот, ќе запознаат интересна личност и ќе влезат во нова врска. Доколку сте во брак, обидете се што помалку да влегувата во расправии со партенерот.
Јарец
Во последно време како да имате чувство на неизвеснот во проценката на случувањата на работа. Но потребно е активно да учествувате во различните деловни преговори. Не криете дека имате големи очекувања кога е во прашање работата, но забележувате дека колегите многу често го менуваат мислењето како и ставовите. Потпрете се на својот практичен дух и способност на аналитичко расудување.
Имате чувство дека времето залудно ви минува, затоа се чувствувате песимистично и раздразливо.
Водолија
Многу ви е важно да бидете забележени во деловниот свет, па смислено правите разни стратегии. Но се има своја цена, или разумна граница до каде ви е дозволено да импровизирате со своите оригинални идеи. Обидете се внимателно да ги анализирате своите колеги и да го прифатите добриот совет.
Партнерот забележа дека играте двојна игра и се подготвува за реванш. Обидете се да го разоружате со нежност, но многу поважно е да бидете посериозни, доколку сакате да ја задржите врската.
Риби
Благодарејќи на вашата вештина на преговори и прилагодување, ќе успеете да се вклопите во новите деловни договори. Имате добро претчувство кога е време за акција, а интуицијата ви помага да донесете правилни одлуки. Во текот на следните денови ќе добиете шанса да ги покажете способност и да ја докажете својата вредност.
Кога е во прашање приватноста, премногу мечаете и очекувате позитивни случувања. Односите со партнерот ќе осцилираат меѓу крајности, а од вас се бара да одржувате рамнотежа и да покжете поголема посветеност.