Откако стана сопруга на принцот Хари, Меган Маркл се откажа од актерската кариера.
Но по одлуката да се повлечат од кралските должности и да живеат самостојно, се отвори нова прилика за актерката па наводно, таа не губи време и прави се за да се врати на филмското платно.
Странските медиуми пренесуваат дека токму на Меган работи во моментов, а откако потпишала договор со Дизни, неуморно бара од своите агенти да и најдат добра улога со која ќе се врати во актерските води.
Ник Колинс, еден од агентите на Меган и рекол дека за неа бара улога на суперхерој со која најдобро би се претставила.
-Активно бара филм за неа, а Меган вели е достапна и отворена за најдобрите понуди. Планира низа состаноци во Холивуд, истакнал извор за „Мирор“ кој додал дека заработениот износ ќе го донира во хуманитарни цели.