Подгответе го овој кремаст колач кој идеално одговара како додаток на попладневното кафе.
Потребно е:
400 гр готово лиснато тесто
за филот:
- 7 белки,
- 400 гр шеќер,
- сок од 1/2 лимон,
- 2 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени. Решетката за печење ставете ја на средина.
– Поделете го лиснатото тесто на два дела. Секој дел посебно ставете го на хартија за печење на опачината на тавата и ставете да се пече 12-13 минути, односно додека не добие златна вода. Печените кори оставете ги да се изладат.
– Сега подгответе го шлаг кремот. Во помало тенџере ставете 4-5 см вода и загрејте ја до вриење.
– За тоа време беките ставете ги во метален сад и полека изматете ги малку со вилушка (само да се запенат). Сега овој сад со белките ставете го врз садот со водата што врие (несмее да ја допира водата) и постепено додавајте го шеќерот (во кој сте го додале и целиот ванилин шеќер) со постојано матење со маталка.
– Ако имате термометар, температурата треба да биде 65 целзиусови степени, при таа температура белките ќе бидат пастеризирани.
– Ако немате термометар тогаш ќе проверите дали е постигната температурата на следниов начин: земете малку од смесата меѓу прстите и кога ќе протриете ако не ги чувствувате кристалите шеќер тоа значи дека температурата е постигната. Само немојте да претерате со варењето.
– Потоа почнете да ја матите смесата со миксер додека не се удвостручи. На пола матење додадете го сокот од лимон. Треба да матите додека шлагот сосема не се излади и стврдне.
– Распоредете го шлагот по долната кора. Измазнете со влажен нож. Најодозгора ставете ја втората кора која по печењето сте ја исекле на коцки.
– Горната кора посипете ја со шеќер во прав и послужете.