ИНСЕКТ ДОБИ ИМЕ ЛЕДИ ГАГА ПОРАДИ УНИКАТНИОТ ИЗГЛЕД

Новооткриен инсект со необични бои е именуван по поп ѕвездата Леди Гага, која е позната по екстравагантен моден стил.

Ентомологот Брендан Морис проучувал околу 1.000 бубачки за негов истражувачки проект на Универзитетот во Илиноис, кога забележал женка инсект со невообичаен изглед.

Тој ја именувал бубачката kaikaia gaga или скратено k. gaga, со цел да ја подигне свеста за ретките видови инсекти. Овие инсекти живеат во тропските шуми покрај пацифичкиот брег на Никарагва.

„Ако треба да постои Леди Гага бубачка, тогаш тоа ќе биде оваа, бидејќи има откачени рогови и уникатен моден изглед“, изјави Морис.