Триесет и пет годишниот Иван веројатно никогаш нема да се сети како успеал да се искачи и да заспие на опасна конструкција од мост.
Иако минувачите му довикувале гледајќи го легнат горе, тој никако не се будел.
Почнал да се „освестува“ за ситуацијата кога пожарникарите го симнувале од мостот.
Не е познато како се нашол речиси на врвот од седумметарската конструкција на мостот, а се претпоставува дека во пијана состојба наместо да продолжи да се движи по пешачката патека, тој почнал да се качува по конструкцијата.