Од оваа пандемија произлезе и нов збор- ковидиот

Пандемијата на коронавирусот незапирливо се шири низ светот и продолжува носи жртви со себе.

Медицинските експерти, но и владите на државите во светот апелираат на граѓаните да останат во домовите за да се намали можноста за ширење на заразата.

Исто така властите ги уверуваат луѓето дека не треба да се подложни на паника и дека не треба панично да купуваат храна и други работи.

За жал, до одредени луѓе е тешко да се допре, фотографиите од празните рафтови во продавниците станаа секојдневие ширум светот, исто како и тепачките за тоалетна хартија.

Заради таквото однесување, интернет страницата „Urban dictionary“, претстави нов збор, кој е осмислен да ги окарактеризира таквите лица.

Новиот збор е „ковидиот“, а се однесува на луѓе кои ги игнорираат предупредувањата на надлежните служби, не се грижат за јавното здравје, како и на оние кои складираат огромни количини на храна.