Таа е една од најбогатите и највлијателни жени во светот.
Опра Винфри е родена во Мисисипи а израснала во Милвоки и Тенеси. Голем дел од своето детство го минала во сиромаштија.
Водителката одлучила да донира 10 милиони долари за борба против проблемите предизвикани од пандемијата.
„Ќе донирам 10 милиони долари за помош на Американците за време на пандемијата во областите каде што израснав и ширум земјата”.
Дел од парите ќе оди во новиот американски фонд за храна основан од фирмите Епл, Форд и глумецот Леонардо ди Каприо, што е наменет, пред се за помош на децата и сиромашните во време на пандемијата.