Мистеријата на проколнатата сина дупка: Проголтала стотина луѓе! Никој не знае што им се случило

“Сината дупка” е длабока 120 метри, оддалечена е 8 километри од египетскиот град Дахаб, а ја нарекуваат “гробница за нуркачи” поради оние кои таму ги изгубиле своите животи.

Сепак, тоа не ги спречува малубројните нуркачи секоја година да нурнуваат внатре, иако не се знае колку точно животи земала оваа дупка.

Нуркачите во Дахаб велат дека има најмалку 200 жртви во последната деценија, а Тарек Омар, технички нуркач од овој град, почнал да ја истражува “Сината дупка” во 1992-ра година, фасциниран од приказните за проклетството. Станал познат кога во 1997-ма од дупката извлекол тела на двајца ирски нуркачи, Конор О’Реган и Мартин Гар. Подоцна извлекол околу 20 тела, а го нарекуваат собирач на коски.

На 56 метри длабочина, ѕидот од карпата исчезнува, откривајќи шуплив тунел долг 26 метри од Сината дупка до длабокиот океан.

“Прекрасно е, личи на стоење во подводна катедрала. Проблемот е во тоа што нуркачите нурнуваат педесетина пати и мислат дека знаат се, а реално не се подготвени за таа длабочина и тие услови”, вели инструкторот по нуркање Алекс Хајес. Колку нуркачот оди подлабоко, поголем е притисокот на неговиот организам, а таа наркоза често се нарекува и “мартини ефект”.

И покрај предупредувањата и прописите од страна на властите, нуркачите ја посетуваат Сината дупка. Најпознатиот смртен случај се случил во 2000-та година, кога исчезнал инструкторот по нуркање Јуриј Липски. Тој самостојни одлучил да нурне, дошол до дното, но таму станал дезориентиран. Кога сфатил дека нема да излезе, ја извадил маската со кислород и само исчезнал. Подоцна било откриено дека со себе имал и видео камера на шлемот. Така несреќниот нуркач ја снимил сопствената трагедија.

До денешен ден овие мистериозни смртни случаи не се разрешени, па некои се прашуваат дали постои некоја нечовечка сила која доаѓа од длабочините на Земјата.