Лоша вест од Африка: Короната може да ги убие горилите!

Истакнати научници минатиот месец предупредија дека Ковид-19 е „егзистенцијална закана“ за приматите (највисок род на цицачи- човек, мајмун) и дека за планинските горили, појавата на заразната болест може да доведе до „потенцијално изумирање“, открива британскиот весник „Гардијан“.

Ренџерите во национален парк во Уганда, кој е дом на околу 600 горили, носат маски за лице, користат средства за дезинфекција и држат растојание од мајмуните.

Горилата делат 98 проценти од човечката ДНК и може да добијат респираторни заболувања од луѓето и тоа со смртоносни последици, покажа неодамнешното истражување.

Поради стопирањето на екотуризмот за време на пандемијата од коронавирусот, придонесе да се скрати главниот извор на приходи за зачувувањето на горилата, а постојат стравувања дека некои околни заедници, кои се зависни од туристи, може од очај да се свртат кон ловокрадството.

-Загрижени сме- вели Башир Ханги, портпарол на Управата за дивина на Уганда, државно тело кое управува со националниот парк „Бвинди“ и девет други национални паркови.

– Ако ова продолжи, дефинитивно ќе го смени она што го постигнавме во зачувувањето на горилата. Нема сомнение за тоа – пренесува Гардијан.