Состојки:
2 тиквички со средна големина
маслиново масло
100гр рендан пармезан
100гр лебни трошки
сол
бибер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени целзиусови. На тава за печење ставете мрсна хартија.
Тиквичките исецкајте ги на кругови и намачкајте ги со маслиново масло. Во посебен сад измешајте ги останатите состојки и секој круг тиквичка убаво натопете го во смесата и потоа убаво распоредете ги круговите врз мрсната хартија на тавата за печење.
Печете 25-30минути, или додека не добијат златна боја.
Добар апетит!