Брзи и здрави напивки идеални се за утрински појадок, меѓу оброк или ужина кои можете да ги понесете на работа.
Разбудете се со комбинација на портокал, лимон, мандарина, киви и сок од лимета, а не заборавајте ни на зелениот зеленчук кое обилува со витамини.
Искористете ја моќта на зачините па додадете го изренданиот ѓумбир, целер или магдонос.
За да го збогатите вкусот на зеленчукот додадете го јогуртот или овесните снегулки.
Шеќерот од овошјето или мед ќе ви го засити апетитот подолго од „празните калории“ од обичниот шеќер.
Кралицата на овошјето која ќе ви ја зголеми енергијата е бананата па освен за утрински појадок одлична е и после интензивниот тренинг.
Комбинирајте ја бананата со какаото, намазот од кикиритки, јогуртот и канелата.На сето ова додадете ги јатките.
Сето ова ставете во блендер и ќе добиете фина витаминска напивка.
Напивка со цвекло
Состојки: Едно цвекло, еден морков, едно јаболко, половина чаша вода, 2 роткви, половина лажица сончогледови семки и една лажица мед.
Подготовка: Излупете го и сечете го цвеклото, морковот, јаболкото и ротквата. Изрендајте ги па додадете ја водата.
Додадете уште и сончогледовите семки и мед па миксирајте во блендер.
Енергетска бомба со морков, јаболка и портокал
Состојки: Морков, целер, половина црвена пиперка, портокал, половина ѓумбир, јогурт, јаболка.
Подготовка:Излупете ја јаболката, морковот и целерот, а од пиперката извадете ги семките.
Излупете го портокалот и изрендајте го ѓумбирот.
Јаболката, морковот, целерот и пиперката ситно исечкајте ги па потоа се заедно ставете во блендер, додадете го јогуртот и микисирајте.
Напивка од јаболко, киви и спанаќ
Состојки: 2 зелени јаболка, една рака спанаќ, еден киви, половина краставица, ¼ авокадо, 2 лажици јогурт.
Подготовка:Излупете ги и исечете ги јаболката. Измијте го и исечете го на ситно спанаќот.
Ставете го овошјето, зеленчукот и јогуртот во блендер и миксирајте.