Обувките непријатно ви мирисаат? Еве го решението!

Се случува повеќето обувки по целодневно носење непријатно да замирисаат. Не станува збор за лоша хигиена на стопалата туку за спој на пот и чевли што создава совршена околина за бактерии.
Ви откриваме 3 експресни решенија против непријатните мириси на обувките.

1. Во внатрешноста на обувките ставете сода бикарбона и оставете да отстои цела ноќ. Наутро истресете или исчеткајте го правот и од непријатниот мирис нема да има ни трага.

2.Ако сакате дополнително да ги освежите обувките во шише со распрскувач помешајте алкохол, вода и неколку капки етерично масло од лимон или портокал и распрскајте во обувките и оставете целосно да се исуши.

3.Во памучни чорапи ставете прашок за пециво, сода бикарбона и пченкарно брашно и ставете ги во обувките. Оставете да отстои преку ноќ, а веќе наутро обувките ќе ви бидат свежи.