Сите ја запознаа скромната Атиџе по улогата во Медена земја, но и таа како и останатите пчелари е загрижена од климатските промени и намаленото производство на мед.
Како и Атиџе, и другите пчелари се соочуваат со проблеми, и велат дека е намалено производството кое пред неколку години достигна до 5 милиони килограми годишно а сега едвај надминува 2 милиони и 600 илјади килограми. Но во моментот се зголемува побарувачката а со тоа и цената е поголема на 400 денари ,органскиот се продава до 500 денари.
Како што велат пчеларите за сега нема друг излез од кризата туку единствено решение е заштита на пчелните кошари со еко нано технолошки производ. Тој ги заштитува пчелните семејства од студ топлина од вода и од пожар. Долгорочно решение е глобалниот однос во создавање на услови од помали и порадикални климатски промени.
„Јас сум задоволна од пчелите. Дојдов до црвен тепих да газам. Човек ако сака, ако има љубов може се. Сакам да има и нови пчелари.
Овие неколку години и снего кој заврна ми направи проблеми за ројаци, послабо. Ќе има помалку мед, но повторно ќе биде квалитетен. Пред 10 години имаше повеќ мед“, изјави Атиџе за Канал5 ТВ.