Русите откриваат што го убива коронавирусот

Коронавирусот не се размножува во слатка и солена вода. Oва го докажале Русите.

„Вриењето го убива во истиот момент“, вели директорката на Федералната служба за фитосанитарен надзор, Ана Попова.

Тој се задржува на површина до 48 часа.

„Спроведени се истражувања за способноста на вирусот да преживее во примероци од вода, што беше многу важно пред летната сезона и ние денес гледаме дека вирусот не се размножува ни во морска ни во слатка вода, но истовремено може да се сочува, иако нашиот буден мониторинг покажува дека такви ризици засега нема”, објаснила таа.

Таа додава дека вирусот е нестабилен при температурни промени.

Наведува дека со дезинфекција луѓето можат да го уништат вирусот.

Во светот има скоро 17 милиони заразени од коронавирусот, а во Русија се заразиле повеќе од 828.000 луѓе. Од вирусот починаа 13.673 Руси.